zheleznichka nesrekja grcijaaa123

31.03.2023 Скопје

Сообраќајниот инспектор на Грчките железници денеска е приведен поради железничката несреќа на 28 февруари во која во Темпи загинаа 57 лица.

Инспекторот бил обвинет за нарушување на безбедноста во сообраќајот, поради што починаа патници.

Пред него беше уапсен и шефот на станицата во Лариса.

По трагедијата, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис закажа општи избори за 21 мај.

Несреќата во која директно се судрија патнички и товарен воз, однесе животи на 57 лица, предизвика гнев кај јавноста и масовни протести поради загрозената безбедност на железничкиот сообраќај.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author