18.03.2023 Скопје
Во текот на вчерашниот ден, поранешниот американски претседател Доналд Трамп се врати на Youtube и Facebook, социјалните мрежи што ги користеше за политичко воздигнување се додека не му беа забранети на 6 јануари 2021 година, кога неговите следбеници го нападнаа Капитол.
На својот Facebook профил и каналот на Youtube објави видео на Си-Ен-Ен, во кое беше прогласен за претседател во 2016 година, насловено како „ЈАС СЕ ВРАТИВ“. Видеото завршува со сцена каде што пишува „Трамп 2024“. Воедно, Трамп на снимката се извини „што чекавте“.
Youtube го врати каналот на Трамп вчера, а Facebook и Instagram во претходните денови. Профилот на Twitter беше обновен во ноември 2022 година од новиот сопственик на платформата, Илон Маск, но Трамп сè уште нема твитнато.
Трамп ја базираше својата претседателска кампања во 2016 година на социјалните мрежи. Враќањето му дава алатки за да собере пари и да се вклучи со неговите 146 милиони следбеници на трите најголеми платформи додека тој тргнува во нова трка за претседател во 2024 година.
YouTube го забрани Трамп во 2021 година поради кршење на правилата на платформата, имено поттикнување насилство кога неговите поддржувачи упаднаа во Капитол во моментот кога Домот ја потврдуваше победата на Џо Бајден на изборите во 2020 година.
Подготвено од А.Ѓ.