07.03.2023 Скопје
Тесла слави уште поголем успех во 2023 година, откако компанијата објави дека нејзината најнова заработка ги надмина очекувањата, забележувајќи рекордни приходи од 24,32 милијарди долари. Цената на акциите на компанијата се зголеми за околу 64 проценти оваа година, далеку над повеќето други акции со кои се тргува.
Извршниот директор и главен акционер, Илон Маск, продаде акции во вредност од 39 милијарди долари минатата година за да го финансира купувањето и управувањето со Твитер. Некои акционери на Тесла, наводно, биле незадоволни што Маск троши време на управување со Твитер бидејќи како резултат на тоа потенцијално би можел да биде помалку фокусиран на Тесла. Ова изврши притисок врз цената на акциите на Тесла, која во декември падна за 39,6 отсто.
Со оглед на тоа дека договорот со Твитер беше завршен, а резултатите на Тесла ги надминаа очекувањата, како и фактот дека бројот на испораки на Тесла во Кина во јануари скокна за 18,4 отсто во споредба со декември минатата година, доведе до тоа многу големи инвеститори како Џорџ Сорос да се приклучат на мрежата. Сорос купи речиси четвртина милион акции на компанијата во претходниот квартал.
Позитивното расположение во однос на Тесла продолжи со најавата дека ќе се одржи ден на инвеститорите на 1 март и најавата на Маск дека неговиот „Master Plan 3“ ќе биде откриен. Трговците чекаат вести за деталите на Cybertruck, хардверот и новостите за визијата на Тесла за следните чекори во технологијата на електрични возила.
Инвестициските банки Морган Стенли и Дојче банк поставија ценовни цели од 220 долари, а Мизухо очекува акциите да достигнат 250 долари од сегашната цена од 199 долари.
Подготвено од А.Ѓ.