https://www.facebook.com/photo/?fbid=411005717800393&set=a.411005681133730

13.03.2023 Скопје

Групацијата на скопските таксисти бара од Град Скопје решавање на проблемите во такси превозот, што би придонело граѓаните да имаат делумно почист воздух, делумно да се намали сообраќајниот метеж во градот бидејќи од сообраќај би биле отстранети најмалку 1500 диви таксисти, но и би имало нови вработувања.

Во официјалниот допис доставен денеска до Градот, кaко дел од нивните барања тие ги наведуваат проблемите со жолтите таблици, поради што не можат таксистите да ги обноват возилата, такси возилата без лиценца, лиценцираните такси возила без фискални таксиметри, лиценцираните такси возила со диво наштелувани фискални таксиметри, лиценцираните такси возила со непријавени такси возачи, лиценцираните такси возила без задолжително обележје, како и тоа дека кај некои таксисти изводот од лиценцата не се совпаѓа со возилото.

Како организатор на авто такси дејноста, од Градот Скопје бараат да го среди хаосот во авто такси превозот, да се заложи за поголема безбедност на граѓаните кои користат авто такси превоз и да ја доведе такси дејноста, како што се вели во соопштението, на едно пристојно ниво преку постоечките закони, одлуки и соодветни прописи кои само треба да се спроведуваат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author