korona virus

04.03.2023 Скопје

Светската здравствена организација (СЗО) побара од САД јасни докази за тоа што американските разузнавачки служби ја засноваа нивната проценка дека пандемијата на коронавирусот најверојатно започнала од лабораторија во Кина.

Директорот на ФБИ Кристофер Вреј верува дека изворот на пандемијата е најверојатно можен лабораториски инцидент во Вухан, но и американски медиуми, и американското Министерство за енергетика исто така шпекулира дека вирусот можеби „побегнал“ од лабораторијата, иако тоа сеуште не може да се докаже со голема сигурност.

Научниците веќе три години го бараат изворот на пандемијата. Делегација на СЗО беше во Кина на почетокот на 2021 година, но Пекинг одби нови посети на меѓународни експерти. СЗО препорача неколку истраги во Кина и на други места, но тие не беа реализирани.

Подготвено од М.Н.

About Author