20.03.2023 Скопје
Светските берзи значително варираат од минатата недела, инвеститорите стравуваат од нова банкарска криза по колапсот на две американски банки и проблеми во неколку други банки, вклучително и Credit Suisse. На Волстрит, Dow Jones минатата недела загуби 0,2 отсто, на 31.861 поен, додека S&P 500 порасна за 1,4 отсто, на 3.916 поени, а индексот Nasdaq 4,4 отсто, на 11.630 поени.
Минатата недела започна со остар пад на овие индекси поради колапсот на две американски банки, Силиконската долина (SVB) и Signature што предизвика страв од избувнување на нова банкарска криза, слична на онаа во 2008 година, која го турна светот во рецесија.
Централната банка на САД брзо започна програма за одржување на ликвидноста, но во следните денови уште неколку банки, вклучувајќи ја и Првата Република, беа под голем притисок, а во неволја се најде и Credit Suisse, втората по големина швајцарска банка.
Главно поради проблемите во банките, ценитена акциите драстично паднаа на европските берзи минатата недела. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции потона за 3,9 отсто, што е негова најголема неделна загуба од септември минатата година.
Истовремено, лондонскиот FTSE индекс потона за 5,3 отсто, на 7.335 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 4,3 отсто, на 14.768 поени, а париски CAC 4,1 отсто, на 6.925 поени.
Подготвено од М.Н.