30.03.2023 Скопје
Неколку лица загинаа кога два американски воени хеликоптери се судрија во округот Триг, Кентаки, во близина на Форт Кембел.
„Двајца HH60 Blackhawks изведувале рутинска вежба околу 22:00 часот по локално време кога се судриле“, изјави директорката за односи со јавноста на Форт Кембел, Брендалин Карпентер-Плејер.
Карпентер-Плејер истакна дека екипажот летал со хеликоптери Блекхок за време на рутинска обука кога се случи инцидентот, а статусот на екипажот засега е непознат и командата во моментов е фокусирана на грижата за војниците и нивните семејства.
На местото на несреќата пристигнаа итни служби од повеќе области, а според известувањето на радио станицата WKDZ, можно е да загинале најмногу девет лица.
Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, ја потврди несреќата на Твитер, велејќи дека „се очекуваат неколку жртви“.
„Имаме тешки вести кои доаѓаат од Форт Кембел, се очекуваат жртви. Полицијата, службите за итни случаи во Кентаки и локалните власти помагаат“, изјави Бешеар.
Подготвено од А.Ѓ.