02.03.2023 Скопје
Нов месец, нов срам за Министерството за образование и наука. Продолжува непишаното правило според кое од Министерството за образование и наука нема никаков абер за исплата на средствата за субвенциониран оброк и стипендии, како за студентите, така и за средношколците, освен ако нема јавна и гласна реакција дека исплатата доцни.
Веќе е март месец, а студентите се уште ги немаат добиено средствата по ниту еден основ ниту за јануари. Додека пак, оние студенти што беа одбиени за оброк поради нечија друга грешка, до денес немаат добиено одговор на приговорите, ниту пак исплата на оброкот за септември.
Во врска со стипендиите, студентите што се одбиени до ден денес немаат можност да поднесат приговор, од непознати причини.
Студентите се разочарани велат дека им доцни исплатата на средства кои им се неопходни во оваа криза и очекуваат да им се зголеми и сумата на оброк со оглед на инфлацијата.
Подготвено од А.Ѓ.