03.03.2023 Скопје
Студентот по медицина Сирил Вилбо (22) патува низ Европа со велосипед, а сега застанал во Кикинда, во Србија. Млад Французин од родниот Гренобл во октомври заминал на патување со велосипед.
Вилбо истакна дека патува со велосипед и целта му е да ја посети цела Европа, како и да види што е можно повеќе земји и градови. Тој додаде дека студира медицина и сега направил многу потребна пауза, бидејќи студиите се тешки и имал потреба од одмор, потенцирајќи дека никогаш нема патувано сам, но денес си ја исполнува таа желба.
Во Србија е веќе недела дена, ги има посетено Доњи Милановац, Бела Црква, Вршац, Кикинда му е последна станица пред заминување во Унгарија.
„Србија е прекрасна земја и се заљубив во неа за ова кратко време. Кикинда е прекрасен град, особено ми се допаѓа градскиот плоштад. Успеав да ја видам и една од најубавите улици во светот. Навистина е убава , имате впечаток дека сте во шума, а не во град“, се согледувањата на Сирилова за Кикинда.
Забележува дека се залага за здрава животна средина и екологија, поради што на пат тргнал со велосипед, а не со друго превозно средство. Велосипедот, вели, е економично превозно средство, го возиш додека имаш сила во нозете и телото. Досега има поминато 6.000 километри, во просек поминува околу 80 километри дневно.
Од Кикинда оди во Унгарија, а во план се и Австрија, Чешка, Полска и скандинавските земји.
Подготвено од А.Ѓ.