17.03.2023 Скопје
Вработените на четири германски аеродроми – во Дизелдорф, Келн/Бон, Штутгарт и Баден-Баден – денеска штрајкуваат барајќи повисоки плати и подобри услови за работа, а стотици летови се откажани.
Германскиот синдикат „Верди“ повика на штрајк на персоналот на четири аеродроми поради платите и условите за работа.
Аеродромот Келн/Бон соопшти дека денеска се откажани 144 летови.
Аеродромот Дизелдорф претходно оваа недела објави дека работи со значително намален распоред на летови и дека првично планирал 368 полетувања и слетувања денес.
Аеродромите во Берлин, Бремен и Хамбург ги откажаа сите комерцијални летови на почетокот на неделава поради штрајк бидејќи работниците бараат повисоки плати поради високата инфлација.
Подготвено од А.Ѓ.