https://www.flickr.com/photos/repairgeniusorlando/32748947181/in/photolist-RTUV3n-7FfEyx-7zjxmY-dCi7Gj-2jA1AuB-2jzWju4-ctpezN-2kfPgZ2-7XoZpk-275AUco-jyrrcF-3K1QQ-2evDXbM-avHg4K-9speGs-qGwJWw-48rqrp-DnGr2M-9aWQhY-25USEYf-eyzf1K-29N5evY-4JHf1L-KMNjWE-275AUZq-dUpVka-2gsaq4z-4JCZrk-7ABFmG-83QMi5-dp9qGt-akHJTF-KMNkyb-pnygZQ-s7jFU-2mc8ytv-9ETUDj-dwxi4q-jDgBu5-26XM6YE-9xqmE3-FNV76e-fJ7aus-pkJ68R-gt5Jik-poiVtA-dePMYh-4L8JQJ-jNnxyx-dKbWCS

08.03.2023 Скопје

Околу 630.000 мали и микро бизниси во Велика Британија изразија загриженост дека можеби ќе мора да престанат да работат поради зголемените трошоци.

Нивниот колапс, наводно, може да „избрише“ 13,46 милијарди евра од економијата.

Повеќе од три четвртини од испитаниците ја опишаа кризата на трошоците за живот како најголем предизвик со кој се соочиле, а најголемата грижа е цената на енергијата.

Менаџерот на агенцијата „Годеди“ во Британија, Ендрју Градон изјави дека микро-бизнисите, кои се типично компании со помалку од 10 вработени, претставуваат 96 отсто од сите бизниси во британскиот приватен сектор. Тој истакна и дека тие се крвотокот на бизнисите во Велика Британија и тие се оние на првата линија, тие го чувствуваат директното влијание на кризата со трошоците за живот.

Според него, околу 42 отсто од испитаниците одговориле дека сакаат поддршка со даночни поволности, но и поширока поддршка за компаниите, односно техничка помош за развој на бизнисот, како и поддршка за дигитална стратегија.

Во меѓувреме, владиниот портпарол призна дека бизнисите се борат со сметките за енергија, истакнувајќи дека владата им обезбедува на бизнисите поддршка во вредност од милијарди фунти.

Британската влада во септември воведе шема за олеснување на сметките за енергија, наводно обезбедувајќи 18 милијарди фунти, или 22 милијарди долари, на бизнисите за да помогне во зголемените трошоци за енергија.

Сепак, планот треба да заврши во март, а новиот пакет за поддршка наводно ќе го намали финансирањето на 5,5 милијарди фунти или 6,5 милијарди долари.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author