https://www.facebook.com/NATO/photos/pb.100064771413898.-2207520000../5474184779271475/?type=3

01.03.2023 Скопје

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, вели дека Украина ќе стане членка на Алијансата на „долгорочно“, но засега треба да остане независна соочена со руската инвазија.

Украина со години се обидува да се приклучи на воената алијанса предводена од САД.

По руската инвазија на земјата, претседателот Володимир Зеленски побара тоа барање да биде забрзано.

Украина, исто така, поднесе барање за членство во ЕУ неколку дена по инвазијата на Русија, и доби статус на кандидат во јуни.

Столтенберг за новинарите за време на посетата на главниот град на Финска, Хелсинки, изјави дека сојузниците на НАТО се имаат согласено Украина да стане членка на Алијансата, но во исто време тоа е долгорочна перспектива. Исто така, додаде дека она што е во прашање е дека Украина сега може да преовладува како суверена независна нација.

Украина со години се обидува да се приклучи на воениот сојуз меѓу САД, Канада и 28 европски земји, нешто што рускиот претседател го опиша како безбедносна закана за Русија.

Зеленски се заложи за брз пристап, но не е јасно дали полноправното членство е нешто што членките на алијансата сериозно ќе го разгледаат дури и по завршувањето на војната, и покрај ветувањата за поддршка.

Кога војната ќе заврши, „треба да се погрижиме историјата да не се повтори“, рече Столтенберг за време на прес-конференцијата со финската премиерка Сана Марин. Тој, исто така, додаде дека рускиот претседател не може да продолжи да ги напаѓа соседите и истиот сака да ја контролира Украина и не планира мир, тој планира уште војна.

По руската инвазија на Украина, и Финска и Шведска решија да се приклучат на алијансата што е можно поскоро, откако беа неутрални со години.

Само Турција и Унгарија допрва треба да ја ратификуваат кандидатурата на Финска и Шведска за приклучување кон одбранбениот блок.

Турската влада вели дека и Шведска и Финска засолнуваат турски граѓани за кои вели дека се „терористи“ и бара да бидат екстрадирани.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author