https://www.facebook.com/NATO/photos/bc.AbrIchpcsAoPiqtcFZt5O7g8m66jgCdncL11iXgAk9DasnsVBqpnm1l6SLZqx0NS_oDLdxTqwKqClT-_qGFMrXyNdftjr8l5KlL4GoEn5U0bpmqagI_cOJ_NH1BXv-ZH_ytDKU0PtgiNk8D2dSxHyYrN/2379199778770006/?opaqueCursor=Abq_qWg_3b-jY8ktNCBYymvE575ttW2XkrDmcO7RVHfhIFclMYOH3oZTaqX9E8P5YSkTtSddmkX0WML4kL1OUXAW9xyjPMhjvmwZstGDqGPpGQZhVH20TRqD-3eBaDQCAFiFbu1hYs3fYXzBLLFPFrQRFvF9nBmnyHSMvdvJFOymqS9__qKhWiPX1qnDxRXPVFYTsZUDVITwrJJ6UsX93cvnGSN7GizyiCh7w3Ce7KrKPo_m4TyOJwQTtQgDzwIFW079gK35dBUjAYGHO9QN8rQcb0TU3-rBqY2ipkc_UdPCkTt6cjq8x7Wz79J6Mh_i90IyBFX2jUyGixCm9iXI957_2t24sd46A3Xh9kV6ek-Xd7ExLkdEI_iAlcJ6cE8Tm326S8MAXZhpWZSlQEOV9A3U-y0gR0ixDwbGF_nmr04HklA_atbd0ZQ--Mm67-sDaxP6LK31-dXRujmMjSKoTeUPQWKLGOQJ0fbmkq5oHZl_SbRa3N84IzWPPy0HE92UBTGyBA3Uj8CAihiBRzDr3kPYZIId3c2WS1kFtO4FC4CtAQkeJyGn_Hig7PuKsOqZv7yZGgpqPyDxjJNJckE4FbNRFf8ZVC38iC2jXHxgY0raahJ-Kr3_hiLB-XblmC1_zas

21.03.2023 Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ја предупреди Кина да не ја снабдува Русија со смртоносно оружје, откако лидерите на двете земји се сретнаа во Москва.

„Не видовме докази дека Кина и доставува смртоносно оружје на Русија, но видовме некои знаци дека ова е барање од Русија и дека ова е прашање што го разгледуваат кинеските власти во Пекинг. Кина не треба да биде обезбедување смртоносна помош за Русија, тоа би значело дека таа ја поддржува нелегалната војна“, рече Столтенберг.

Секретарот на Алијансата посочи дека НАТО сега не смета дека е возможно да има значаен дијалог со Русија и додаде дека не гледа можност за такви контакти додека трае војната во Украина.

„Советот Русија-НАТО беше важна алатка за обидите на алијансата да воспостави нормален дијалог со Русија“, рече Столтенберг, истакнувајќи дека во сегашните услови не е можно да се користи овој механизам.

Кинескиот претседател Си Џинпинг вчера допатува во тридневна посета на рускиот колега Владимир Путин и изјави дека стратешкиот избор на Пекинг е зајакнување и развој на односите со Москва. Тој нагласи дека страните темелно размениле мислења за украинското прашање.

Си нагласи дека, историски, конфликтите секогаш се решавале со дијалог и преговори. Тој потсети дека Кина неодамна објави документ со став во кој се повикува на политичко решение на украинската криза, напуштање на менталитетот на Студената војна и еднострани санкции.

Си Џинпинг истакна дека колку повеќе тешкотии и противречности има, толку е поважно да се остави простор за мир и дијалог.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author