30.03.2023 Скопје
Бобан Стефковски, градоначалникот на општина Гази Баба, утрово поднесе Иницијатива до Градот Скопје за враќање на старите имиња на улиците во општина Гази Баба.
Градоначалникот Стефковски истакна дека на предлог на поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, Советот на Град Скопје на својата 67ма седница оддржана на 30 март 2021 година донел Одлука за определување и примена на имиња на улици, мостови и плоштади на подрачјето на Градот Скопје, потенцирајќи дека без никаква консултација и согласност на граѓаните на општина Гази Баба, тогашното раководство на градот донело одлука да се преименуваат 34 улици, помеѓу кои: Фуштанска, Радован Ковачевиќ, краци од Благоја Стефковски, крак од улица Товарник и „други улици на нашата територија“.
Тој потенцира дека до него пристигнале голем број на реакции од граѓаните што ги смета за оправдани, бидејќи како што вели, без дијалог и согласност од граѓаните, не се донесуваат одлуки.
Подготвено од А.Ѓ.