13.03.2023 Скопје
Ватерполистите на Србија ја победија шпанската селекција по подоброто издание на петорката со резултат 14:13 (0:3, 5:2, 2:2, 2:2, 5:4) во натпреварот од четвртото коло од групата Б на квалификацискиот турнир за СП што се игра во Подгорица.
Синоќешниот натпревар во регуларниот дел заврши без победник 9:9, а Србија по пет одиграни победи со 14:13.
Србија со овој триумф се пласираше на завршниот турнир кој од 29 јуни до 1 јули ќе се игра во Лос Анџелес.
Првото место на табелата од групата Б го држи Шпанија со 10 бодови, додека Србија е втора со осум. Следуваат Грција и Црна Гора со по шест, Грузија има три, додека Австралија е последна без бодови.
Српските ватерполисти во вторник во последното коло ќе играат против Грузија.
Подготвено од А.Ѓ.