15.03.2023 Скопје
Средношколците ги повикаа студентите на заеднички протест во петок пред Министерството за образование и наука поради незадоволството од доцнењето на исплатата на студентски оброк, проблемите со матурата и лошиот стандард на средношколците и на студентите.
Во повикот што средношколците го испратија до студентите се наведува дека имајќи ги предвид актуелните прашања околу средношколскиот и студентскиот стандард, „ги покануваме студентите да се придружат на протестот во петок од 12.30 часот пред Министерството за образование и наука за заедно да издејствуваме подобрување во образовниот систем“, потенцирајќи дека овие неколку години, како учесници во образовниот систем, се имаат соочено со голем број предизвици за кои вреди да се дискутира и да се лобира кај надлежните.
Средношколците бараат намалување на материјалот или кратење на предметите за државната матура. Вчера, Студентски отпор најави радикализација и блокади на Скопје.
Подготвено од А.Ѓ.