gashi i zaev sredba

11.03.2023 Скопје

Скендер Реџепи, кој е независен пратеник и поранешен сопартиец на претседателот на Алтернатива – Африм Гаши, на својот Фејсбук профил објави фотографија од средба помеѓу поранешниот премиер на Република Северна Македонија, Зоран Заев и Гаши во Струмица.

Во својата Фејсбук објава, Реџепи напиша: „Прашање за 1 милион евра??? Што побара денес Африм Гаши од Зоран Заев, и зошто мораше да оди дури до Струмица? Активистите на Алтернатива, како и пошироката јавност заслужуваат да ја знаат вистината за оваа средба“.

Политичката партија Алтернатива повеќе не коалицира со власта, откако СДСМ и ДУИ одлучја на нивно место да биде поканета Алијанса за Албанците на Арбен Таравари.

Зеќирија Ибрахими, генерален секретар на Алтернатива, ја потврди информацијата дека претседателот на партијата Африм Гаши во текот на вчерашниот ден се сретнал со поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев. Тој не ги откри деталите на средбата, но истакна дека тема на средбата не била уривање на Владата на премиерот Димитар Ковачевски, потенцирајќи дека Владата ќе ја остават самата да потоне, затоа што и „онака следната пролет ќе падне“.

Средбата меѓу Заев и Гаши, како што истакна Ибрахими, била претходно планирана, но поради приватни обврски на Заев таа се реализирала во текот на вчерашниот ден. Но, Гаши и Заев не успеале да останат имуни на политичките случувања во Република Северна Македонија, па сепак размениле неколку мислења.

Додека пак, Гаши преку објава на својот Фејсбук профил праша по чиј налог го следат службите на СДСМ и ДУИ, потенцирајќи дела нема ништо посебно и мистериозно во неговата средба со поранешниот премиер.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author