https://www.facebook.com/photo/?fbid=745853934208239&set=pb.100063509179160.-2207520000.

25.03.2023 Скопје

Американскиот претседател Џо Бајден и канадскиот премиер Џастин Трудо за време на посетата на Бајден на Канада ветија дека ќе застанат обединети против авторитарните режими и ќе ја намалат сопствената зависност од другите земји за клучните суровини и полупроводници.

„Верувам дека имаме неверојатна можност да работиме заедно, така што Канада и Соединетите Држави можат да набават и да се снабдуваат овде во Северна Америка со се што ни е потребно за сигурни и одржливи синџири на снабдување“, изјави Бајден во говорот пред канадскиот парламент во Отава.

Трудо истакна дека Канада има изобилство на минерали клучни за производство на батерии и електрични возила.

Исто така двете земји ветија дека ќе застанат рамо до рамо со Украина и дека секогаш ќе се стремат кон праведноста. Бајден ја посети Отава помалку од една недела откако кинескиот претседател Си Џинпинг замина за Москва.

Подготвено од М.Н.

About Author