28.03.2023 Скопје
Српските цариници спречија обид за шверц на 12.650 литри нафта скриени на брод со украински екипаж, кој пловел под австриско знаме, во цистерни кои требало да содржат вода, соопшти српската Царинска управа.
Прекршокот е откриен при контрола на влезот на Дунав меѓу Романија и Србија, на граничниот премин Велико Градиште.
При проверка на документацијата на бродот и мерење на количеството на погонско гориво било констатирано отстапување, па деталната проверка покажала дека таканаречените баласт резервоари биле наполнети со повеќе од 12 тони нафта, иако требало да содржат вода која служи за одржување рамнотежата и стабилноста на садот.
По итна постапка сторителите се префрлени во прекршочниот суд, каде се задолжени во државниот буџет на Република Србија да уплатат повеќе од три милиони динари или околу 25.420 евра на име противвредност на шверцуваното гориво и казни.
Подготвено од М.Н.