08.03.2023 Скопје
Вредноста на надворешната трговија на Србија во секторот за производство на цвеќиња и украсни растенија во 2022 година изнесува 31,3 милиони евра.
Во изминатите две години вредноста на увозот е значително зголемена во однос на извозот, а најголем придонес за тоа имаше зголемувањето на увозната цена на цвеќињата и украсните растенија, како последица на економската состојба во целиот свет, според Здружението за растително и прехранбено производство на Стопанската комора на Србија.
Цвеќиња и саден материјал најмногу се извезувале на пазарот на ЕУ, кој има 43 отсто удел во српскиот извоз, потоа живо цвеќе, особено рози, во земјите од Царинската унија (Русија, Белорусија, Казахстан), кои имаат 34 отсто удел во вкупниот извоз на Србија и земјите од ЦЕФТА регионот и од земји надвор од ЕУ.
Како што наведуваат во соопштението, постои голем потенцијал за производство на цвеќиња и украсни растенија, како поради добрите климатски услови, така и поради должината на сезоната на растење.
Најзначајни региони за производство и одгледување на цвеќе во Србија се во Војводина, околу Шабац, Љиг, Трстеник, Крушевац, Сремчица и Велика Дренова, а најважно е производството на рози, калемени и некалемени рози за садење.
Извозот е вреден 6,61 милиони евра, а вредноста на увозот е околу 24,7 милиони евра.
Во 2022 година, во однос на 2021 година, вредноста на увозот е зголемена за 13 отсто, а просечната увозна цена на цвеќето изнесува 3,27 евра за килограм, додека во 2021 година 3,05 евра за килограм.
Во однос на 2021 година, вредноста на извозот е зголемена за 23 отсто.
Подготвено од А.Ѓ.