https://www.flickr.com/photos/136502155@N06/42359670092/in/photolist-27xbo8w-S6Ds1i-269L2L9-P3GoJf-2hi7ziR-21zXSbF-t7PEj5-QRFrvr-dxtHWY-2nHW6i7-22KAqvA-RvYk7Q-QRFkaa-2nHPX2U-ux4Xn6-21v2EcN-Q32aeb-RvYmXo-ZuLLXC-269mjJA-27f5bvg-NVBPiJ-LGUdpY-uwWauQ-DscS9w-DscSmq-NY8T4M-MupP1z-oZr4HR-2jHdG7w-Lx44pe-K7abY3-249ufRX-P3GoCU-2jHd6hG-MupNSZ-2nC5BVn-NY8Twk-2iAfy6Q-27aZbzj-GDkmVB-MupPjv-LwYZyC-DscQQu-27BBJqk-24RQXeQ-KtFNwS-Lx42PF-ZuLLKJ-N8GwLH

10.03.2023 Скопје

Претседателот Александар Вучиќ изјави дека Србија нема да се согласи Косово да влезе во НАТО, ниту на кој било начин да го признае Косово.

Вучиќ истакна дека тешко е да замисли да се постигне некаков напредок на претстојната рунда од дијалогот Белград-Приштина. Воедно, смета дека Курти нема да ја формира Заедницата на српските општини бидејќи е охрабрен да продолжи да не ги почитува претходните обврски.

Во однос на европскиот предлог за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, Вучиќ го повтори својот негативен став за планот, но потврди дека Србија мора да остане во преговарачкиот процес.

„Немам намера да ја потпишам капитулацијата на Србија. Но, треба да бидеме свесни за околностите. Нема да има предавање, нема капитулација. Јас несомнено јасно кажав дека Србија нема да се согласи Косово да влезе во НАТО, ниту пак да го признаеме Косово на кој било начин“, рече Вучиќ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author