spienje

08.03.2023 Скопје

Новата студија ја потврди улогата на спиењето во поддршката на нивото на имунитетот, сугерирајќи дека луѓето кои спијат под шест или повеќе од девет часа се изложени на поголем ризик да се разболат.

Студијата потенцира дека лошиот сон може да го зголеми ризикот кај поединецот да развие инфекции, како што се настинки и грип.

Најновата студија, која беше објавена во списанието Frontiers in Psychiatry, откри значителна корелација помеѓу спиењето и инфекцијата, нагласувајќи ја врската помеѓу постојаните проблеми со спиењето, како што е пријавено од поединецот, и поголемата стапка на инфекција и употребата на антибиотици.

Истражувањето спроведе вкрстена студија на 1.848 неселектирани пациенти во чекалниците на општите лекари во Норвешка за да се утврди дали самопријавените мерки за хронично нарушување на несоницата, хронични проблеми со спиењето, должината на спиењето и деноноќното претпочитање се поврзани со ризикот од инфекции и употреба на антибиотици.

На крајот од истражувањето, студијата откри дека ризикот од инфекција е 27 отсто и 44 отсто поголем кај пациенти кои спијат под шест часа или повеќе од девет часа.

Д-р Ингеборг Фортун, истражувач во Норвешкиот институт за јавно здравје и коавтор на студијата, истакна дека оние кои пријавиле дека спијат повеќе од 9 часа имале 44% поголема веројатност да пријават инфекција во споредба со оние кои спиеле 7-8 часа. Исто така, додаде дека од друга страна, „оние кои пријавиле дека спијат помалку од 6 часа имале 27% поголеми шанси да пријават инфекција“.

Студијата, исто така, откри дека оние кои спиеле помалку од шест часа секоја вечер или имале хронична несоница, имаат поголема веројатност да бараат антибиотици за да се справат со нивната инфекција.

Невролог во Хјустон Методист и медицински директор за Велнес на мозокот во болницата Вудлендс, д-р Рандал Рајт, изјави дека студијата е доказ зошто секој треба да му даде приоритет на спиењето. Воедно, истакна дека спиењето е време за спасување и ресетирање на телото, со што надополнуваме многу хемикалии што му се потребни на нашето тело и времето е нашиот имунолошки систем да се зајакне.

Друг медицински директор во Центарот за спиење во Индијана, д-р Абхинав Синг, рече дека недоволното спиење може да ги спречи белите крвни зрнца да стигнат до погодените места во телото. Тој додаде и дека белите крвни зрнца се витален елемент на нашиот имунолошки систем и му помагаат на телото да се бори против инфекциите предизвикани од вируси и бактерии.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author