https://www.facebook.com/photo?fbid=757712465725695&set=a.471468304350114

13.03.2023 Скопје

На својот официјален Фејсбук-профил, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека заврши времето кога имаше заштита за убиства.

Спасовски напиша дека нема заштита за ниту еден и „треба да бидеме на јасно дека заврши времето кога имаше заштита, за убиство на Мартин Нешковски, заштита за низа на убиства коишто се случуваа во тоа време и кога ова Министерство за внатрешни работи беше нарекувано со едно друго име“, бидејќи фактите се тие, а „пред фактите и боговите молчат“.

Фејсбук-објавата на министерот Спасовски е реакција на гостувањето на Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во радио Лидер, кадешто тој оцени дека безбедноста во државата не е добра, потенцирајќи дека откако Спасовски е министер за внатрешни работи има над 20 нерасветлени убиства.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author