17.03.2023 Скопје
Словачката влада утрово одобри испраќање борбени авиони МиГ-29 во Украина.
Ова утрово го потврди словачкиот премиер Едуард Хегер.
Словачка го потврди ова еден ден откако Полска објави дека во наредните денови ќе испрати четири авиони МиГ-29 во Украина.
Локалните медиуми објавија дека Словачка ќе испрати 13 МиГ-29 во Украина.
Да потсетиме дека и Полска и Словачка се членки на НАТО. Данскиот премиер вчера објави дека западните земји се уште расправаат дали да испратат борбени авиони во Украина.
„Ова е нешто за што разговараме во групата сојузнички земји. Тоа е голема желба на Украина“, рече Фредриксен.
Подготвено од Д.Ц.