bel leb

01.03.2023 Скопје

Пекарите ја остварија заканата и не доставуваат бел и полубел леб по цена од 33 денари.

Една помала пекара информира дека утрово од четири фурни, кои редовно им носат леб, ги известиле дека нема да има достава ниту денес, ниту утре, а во петок евентуално ќе има специјални видови на леб.

Во дел од маркетите, на поголемите трговски синџири, денеска пекарите ги известиле дека нема да им достават леб и тие ќе ги продаваат старите залихи.

Според раководителите на маркетите, тие не знаат како денеска ќе го поминат денот, ниту пак знаат дали треба да прават нарачка за утре.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author