06.03.2023 Скопје
Семејството Симпсонови ја освојува целата планета повеќе од 30 години на ТВ екраните. Оваа цртана сатира и критика на американското општество инспирира бројни цртани филмови, кои ги поместија границите на дозволениот хумор на телевизија, а таа е на врвот на листата на најдолги програми и, како што сега стојат работите, нема намера да ја напушти оваа листа најмалку во следните две години.
Имено, со снимањето на 35-та и 36-та сезона, американската анимирана серија ја надминува бројката од 800 епизоди.
До средината на 2025 година ќе бидат прикажани 50 нови епизоди, што заедно со веќе постоечките 750 ја прави бројката од 800 епизоди, со што се постигнува рекорд.
Исто така, со овој рекорд „Симпсонови“ останува на чело на листата на серии со најдолго емитување во историјата на американската телевизија, како и на онаа со најголем број епизоди.
Очигледно за повеќе од 30 години „Симпсонови“ покрај успехот успеале да предвидат многу работи во иднината.
Да потсетиме дека главните ликови на „Симпсонови“ се Хомер, несмасен и мрзлив работник во нуклеарна централа, па дури и тоа се неговите добри особини, стереотипна претстава за дисфункционалната „глава на семејството“. Марџ, домаќинката која е единствената способна да го одржи семејството заедно. Барт, најстарото дете, постојано казнувано на училиште, чие хоби е влегување во неволја. Лиза, чија интелигенција далеку ги надминува сите членови на семејството, и Меги, бебе кое испушта само звук на цицање.
Подготвено од А.Ѓ.