zemjotres turcija

22.03.2023 Скопје

Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа на градот Хухуја, во Аргентина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 200 километри.

Земјотресот е почувствуван во Боливија, Чиле, Парагвај и Аргентина, објави Геолошкиот институт на САД (USGS).

Изворот наведува дека земјотресот бил на 76 километри од градот Сан Антонио де лос Кобрес во областа Салта. EMSC наведува дека земјотресот бил на 156 километри северозападно од Сан Салвадор де Хухуџи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author