23.03.2023 Скопје
Во текот на ноќта силен земјотрес со јачина од 4,7 степени по Рихтер, ја погоди Албанија.
Епицентарот на земјотресот бил девет километри од градот Ерсека и 95 км од Елбасан, а е регистриран на длабочина од пет километри. Земјотресот го почуствувале и жителите на пограничните региони во Македонија и во Грција.
По овој земјотрес Албанија ја погодија три послаби земјотреси, со јачина од 3,6, потоа 3,4, а потоа и 2,4 степени.
Подготвено од М.Н.