21.03.2023 Скопје
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ги предупреди членките на НАТО да не влегуваат во директен конфликт со Русија.
„Според сегашниот аранжман, НАТО не е вклучен во војна во наша близина. Така е сега. Директен конфликт меѓу НАТО и Русија би довел до нова светска војна“, напиша Сијарто на својот Фејсбук профил по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Брисел.
Унгарската влада по почетокот на конфликтот во Украина најави дека нема да испраќа оружје во Киев и повика проблемот да се решава исклучиво по мирен пат. Сијарто тој став го повтори и вчера на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.
Шефот на унгарската дипломатија додаде дека Унгарија одбила да учествува во заедничкото финансирање на снабдувањето со муниција за украинската армија.
Подготвено од А.Ѓ.