https://www.facebook.com/photo/?fbid=610453070547990&set=pb.100047499063575.-2207520000..

09.03.2023 Скопје

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Европската унија мора да биде свесна дека на Западен Балкан ЕУ му треба повеќе од кога било.

Тој додаде дека кога станува збор за безбедносната политика, Унгарија може да ги забрза пристапните процеси.

Петер Сијарто ова го изјави за време на Министерскиот панел во рамки на Балканскиот форум што се одржува во Будимпешта, на кој учествуваат министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи и министерката за надворешни работи на Албанија, Олта Џачка.

„Колку повеќе членки на ЕУ, толку е ЕУ посилна. За сите оние кои се залагаат ЕУ да не се шири, мислам дека работат на ослабување на Унијата“, рече Сијарто.

Тој додаде дека кога станува збор за процесот на проширување во ЕУ, има многу пречки за земјите кандидати.

„Што се однесува до Унгарија, кога станува збор за безбедносната политика, можеме да ги забрзаме овие процеси, бидејќи имаме голема закана од имигрантите и илегалната имиграција“, рече Сијарто.

Тој оцени дека ЕУ нема да може да го издржи притисокот на мигрантите доколку во овие процеси не ги вклучи земјите од Западен Балкан.

„ЕУ треба да ги забрза пристапните процеси, а тоа нема никаква врска со правните аспекти. Тоа е чисто израз на политичка волја, без разлика дали сакаме да примиме некого порано или побрзо. Не треба да зборуваме за некои пречки. се за зајакнување на ЕУ се за побрз пристап на нови членки“, оцени Сијарто.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author