https://www.facebook.com/officialroutineofnepalbanda/photos/basw.AbrkEGItuQBU0jvcz69kTMVblvGUsHodzSGyU_TVaLU2C3jRxAE-79TE58Ia_WuNEyh4J4P06_986VC8sRyIwe-I6nKBiCS9SEBK1H8RqQoLoZZeh1We2JvRR79vWxXJClKDnGCe7TIVnF446fxJ5nGt/7153856361313762/?opaqueCursor=AbryWLvntB_MWQ0hH9c2n6G0aFTC6ppWTJ7K2fJTOEkqcTJ-TyS5TC7k7uUHFZJKbBpabmU5jXvxwE7PEwVwV4pb1B5KqPS5KSqOjSbyhGsTdy-Gxq9LexMvMjN2Apm9jbM-FWP7LOwYhf2_f-4-8AeYL-1fWFLT7ate6ytX6VJ7F6YxTdmHEIFo6k-Y5t3aF_rxE8mnUKPp3C0cPSFd6-AXjgTCapqMyz8dDdLlJaakv0y9GSrmxvkMGVc1x87-No57y31HQ94tcEf3MKQFsj8AdakTZ8C5d5XL_7cW1PfXUgpWREjc25VR-J6qEUfZIqZEQvSF5FxhxuywcRcUejcnafgPZtppw7-9VtamC5W-4ZBVXpALAi4je_asjtturLzZnA-xrMVgs-YtqGjHKuiPaEA0zDDNnSoiLeNdlyuguMG4y4esYsJ96IdtY0TVsox7Gy8KfpVicYOmtlTZvEW8w-nXBa7oB9VktjaV3BYZt0gFdhhgrOHck3NuM_C-uBU_bx4dTKtFixC4DAB4QqPQRs6EPe5xr-ZGTcXHcSQ8gIQQ-i5SZFsdiAfDeEIR4LkEZ_xCuXZt_9k1972nb7pR4YQb-6A162bLFO-zy4qVeHfvhXIs7KQB-lAvnbvymk9h7Kw4FBYAzAVAWb6dIj5zQ9V7MyvmwuUyLdE2R8k1MjiNMiFZC3UybYn7LurWEwK0YBRj3Bq6r8NPeIJLhH1iHffpw7apio2rHf8iEX5l99Cj3QI9ZuEAV8Lbffo2qdpgJiEJ6xq-fLeFaG_pGu3vPAikhnuyY_bGaQCwls_-3GkbnZokltnlgFgm8cTzWenjNKd1j2RreHksBdOt51Ava7aiYYXT7QPCNZpmXh11EcHEe97_jyzzFeaas3wteyRiQ59Ld8d-mKpS-EScPT7QFm_yUZPPPNamF-g2Cut-taqmhdKl-EvgdV_YCsdPq1Yy29ItHtGulSxh9aJ9EqIUotl2TDGZ6GPAmkYmW148zv14gJXQO0f_JCbuU6gyafdXgeZgkmOKpHFo9qVFPLL84fARtE9al_AE7d_QYPosAA

13.03.2023 Скопје

Кинескиот претседател Си Џинпинг на годишниот парламентарен состанок најави дека ќе се фокусира на развој на безбедноста, најавувајќи и цел на економски раст од 5%, најниска во последните децении.

Претседателот Си Џинпинг истакна дека Кина треба да ја развие својата безбедност и дека треба да ја модернизира војската за да создаде „Голем челичен ѕид“.

Си, кој неодамна го започна третиот мандат како шеф на државата, говореше на затворањето на годишната седница на парламентот.

„Безбедноста е основата на развојот, додека стабилноста е предуслов за просперитет. Мораме целосно да ја промовираме модернизацијата на националната одбрана и вооружените сили и да ги изградиме вооружените сили на народот во Кинески ѕид од челик кој ефикасно го штити националниот суверенитет, безбедноста, и развојните интереси“, истакна Џинпинг.

Џинпинг, воедно, вети дека „ќе ги земам потребите на земјата како моја мисија, а интересите на народот како мерило“.

На отворањето на сесијата, Кина постави цел за раст на Бруто домашниот производ (БДП) од 5 отсто, што е нејзина најниска цел во речиси три децении, откако минатата година економијата порасна за само 3 отсто. Ли рече дека скромната бројка „е утврдена по сеопфатно разгледување на различни фактори“.

Сојузникот на Си, Ли Кианг, кој е назначен за нов премиер на Кина, рече дека САД се обидуваат да го намалат глобалното влијание на Кина преку изолација и задржување.

„Кина и САД можат и мора да соработуваат. Опкружувањето и потиснувањето не се во ничиј интерес“, рече тој.

Се очекува кинеската влада да го заостри надзорот врз безбедносните прашања. Претходно, Си постави доверливи сојузници на врвни безбедносни позиции.

Кинескиот претседател, исто така, додаде дека земјата мора да постигне поголема самодоверба и сила во науката и технологијата. САД го блокираа пристапот на Кина до опремата за производство на чипови.

Си повика на стабилност во Хонг Конг и обединување со Тајван, кој Пекинг го гледа како дел од својата територија.

Тензиите меѓу САД и Кина се зголемија во последно време, по посетите на американските политичари на Тајван и наводното навлегување на шпионски балон во воздушниот простор на САД.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author