10.03.2023 Скопје
Си Џинпинг беше едногласно избран за претседател на Народна Република Кина (НРК) и за претседател на Централната воена комисија на НР Кина на тековната седница на 14. Национален народен конгрес.
Во рамки на седницата што се одржа денеска беа избрани и органите на ННК.
Жао Леџи беше избран за претседател на 14. Постојан комитет на Националниот народен конгрес, додека уште 14 парламентарци беа избрани за потпретседатели на Постојаниот комитет на 14. Национален народен конгрес (НПК), национален законодавен дом на Кина.
Лиу Чи беше избран за генерален секретар на Постојаниот комитет на НДК.
Подготвено од А.Ѓ.