grcija nesrekja

01.03.2023 Скопје

Полицијата во Грција го уапсила шефот на железничката станица во Лариса по судир на товарен и патнички воз, во кој според последните податоци загинале 42 лица.

Според неофицијални информации, осомничениот се товари за кривично дело нарушена безбедност во сообраќајот со што е предизвикана смрт.

За ова дело предвидени се казни од 10 години до доживотен затвор.

Железничката несреќа се случи кусо пред полноќ во близина на месноста Темпи кај грчкиот град Лариса, кога се судрија товарен и патнички воз.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author