gradezhnishtvo gradba

11.03.2023 Скопје

Синдикатот на градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) и Здружението на градежништвото, индустријата на градежни и не -метални материјали при Стопанската комора на Република Северна Македонија бараат итна средба во Владата, бидејќи состојбата во Градежната индустрија е алармантна. Локалните компании се соочуваат со тешкотии во работењето, бидејќи големи инфраструктурни проекти добиваат странски компании, а голем е и бројот на градежните работници кои заминуваат од државата.

Според СГИП и Здружението за градежништво, последниот договор потпишан со конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој треба да изгради четири автопатски оски во коридорите 8 и 10д е скандалозен, бидејќи 1,3 милијарди евра се дадени само за изградба, без проект и експропријација.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author