https://www.flickr.com/photos/usnavy/36083377444/in/photolist-WYyJZj-pdK5cg-ju9JAC-2nEmph7-2mjRPt3-2dZxiuv-PhMayE-2nJNYTw-24WBPMB-9TciGk-2ju1zrw-AKyUP8-2kZAXt5-9Tck1g-2nb6Mni-2mMhxrL-2mtUtMV-2hyE993-9Tci9n-2k7D1bS-28iv5tw-2nM8KCD-eYCNeq-AzpGJK-MpsVsG-2mwJgMJ-2njGJTx-2isA41S-2joUkUS-21yJaCj-2441wVz-2iYYA2m-4YU84S-2mRuso7-2mmaFnP-amTuHa-2jTnXib-2kzPNbS-2nMdV6y-2iqDGQR-2nJPXfB-2mbGcc8-2acnNvq-2hbt7sm-2iYX116-2dHzDNP-Hpzir6-2bM97Qe-s6ZeWB-2ithvv6

27.03.2023 Скопје

Јужнокорејските власти соопштија дека Северна Кореја утринава лансирала две балистички ракети со краток дострел во водите во близина на источниот брег на Корејскиот Полуостров.

Јапонските власти соопштија дека се сомнева дека двата проектили летале по „неправилна траекторија“, со максимална височина од 50 километри и растојание од 350 километри.

Неправилните траектории би можеле да значат дека ракетите можат да маневрираат, за разлика од обичните балистички ракети, кои патуваат во лак.

Последното во серијата лансирања на проектили доаѓа додека јужнокорејските и американските сили се ангажираат во најголемите заеднички воени вежби од 2017 година.

Јужнокорејската војска соопшти дека ќе продолжи да ја спроведува теренската вежба со висок интензитет Warrior Shield до нејзиното завршување, што е планирано за почетокот на април оваа година.

Подготвено од М.Н.

About Author