severna koreja zgolemen problem so hrana

24.03.2023 Скопје

Пјонгјанг изврши тестирање на нов подводен дрон со нуклеарно оружје, објавија државните медиуми, а севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун предупреди дека заедничките воени вежби меѓу Јужна Кореја и САД треба да завршат.

За време на тестирањето, новиот севернокорејски дрон се движел под вода на длабочина од 80 до 150 метри повеќе од 59 часа и детонирал ненуклеарен товар во близина на источниот брег на земјата, соопштија севернокорејските медиуми.

Овој нуклеарен подводен дрон за напад може да се распореди на кој било брег и пристаниште или да го влече површински брод заради операција, а медиумите истакнаа дека Ким лично го надгледувал тестот.

Подготвено од М.Н.

About Author