09.03.2023 Скопје
Општина Илинден соопшти дека започна изградбата на кружен тек на влезот на Општината, на крстосницата која ги опфаќа главните улици 2, 8, 9 и новопроектирана улица 10 на влезот во Илинден.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски вели дека со изградбата на овој кружен тек ќе се растерети сообраќајниот метеж во овој фрекфентен дел од општината, а воедно ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Во рамки на проектот планирана е изградба на кружен тек со партерно и хортикултурно уредување како и јавно осветлување на просторот. Дополнително улиците и кружниот тек ќе бидат сообраќајно хоризонтално и вертикално обележани согласно сообраќајниот проект за траен режим на сообраќај.
Подготвено од А.Ѓ.