saudiska arabija i erdogan

07.03.2023 Скопје

Министерот за финансии Мохамед Бин Абдула Ал-Џадан ја објави намерата на неговата земја да го направи депозитот во декември.

Саудиска Арабија во текот на вчерашниот ден потпиша договор со Турција за депонирање на 5 милијарди долари (4,7 милијарди евра) во централната банка на земјата. Тоа се случува кога Турција се бори со високата инфлација и последиците од силниот земјотрес од минатиот месец.

Кралството го објави договорот преку државната саудиска прес агенција, нарекувајќи го „доказ за блиската соработка и историските врски што постојат меѓу кралството Саудиска Арабија и Република Турција и нејзиниот брат народ“.

Одлуката е донесена по наредба на кралот Салман и престолонаследникот Мохамед бин Салман.

Кралството не даде детали за тоа како ќе се користи готовината или дали може да побара да се врати сумата. Депозитите од ваква природа можат да помогнат во зголемувањето на девизниот курс на националната валута во однос на другите меѓународни валути.

Во декември минатата година, министерот за финансии Мохамед Бин Абдула Ал-Џадан ја објави намерата на неговата земја да го направи депозитот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author