21.03.2023 Скопје
САД веќе не се на прво место по набавка на оружје и муниција од Босна и Херцеговина. Во првите два месеци од оваа година БиХ извезла оружје и муниција во вредност од околу 20 милиони евра.
Интересно е што најголем дел од овие производи отидоа во Саудиска Арабија, во вредност од околу 8 милиони евра.
Податоците на Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина покажуваат дека на второ место се САД со 4 милиони евра.
Минатата година Босна и Херцеговина извезла оружје и муниција во вредност од 132 милиони евра, од кои најмногу во САД – 30 милиони евра.
Минатата година Саудиска Арабија беше втор најголем пазар за овие производи од БиХ (26 милиони евра).
Подготвено од А.Ѓ.