22.03.2023 Скопје
Претставници на Федералните резерви на САД (ФЕД) денеска ќе одржат состанок на кој ќе одлучат дали и за колкав процент ќе ги зголемат каматните стапки и каква и да биде нивната одлука, таа ќе се одрази на економијата на целиот свет.
Покрај корекцијата на каматните стапки, ФЕД по состанокот ќе ги открие и своите проекции кои се своевидна одредница за владите на многу земји. Нивните проекции вклучуваат прогнози за каматните стапки, инфлацијата, невработеноста и други економски параметри кои се земаат предвид при донесување одлуки.
Генерално, предвидувањата на светските економисти и експерти се дека ФЕД ќе ја зголеми каматната стапка за 0,25 отсто, што би довело до референтниот опсег на каматните стапки на ФЕД од 4,75 до 5 отсто, што е највисоко од 2006 година.
„ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки за 0,25 процентни поени, а реакцијата на пазарот најмногу ќе зависи од тоа што Павел (Џреом Пауел, претседател на ФЕД) ќе каже за економијата, инфлацијата и ситуацијата во банкарскиот сектор“, рече Оливер Пурш, претседател на компанијата „Wealthspire Advisor“.
Инаку, во пресрет на состанокот на претставниците на ФЕД, акциите на банките во банкарскиот сектор значително пораснаа бидејќи се намалија стравувањата од банкарска криза. На пример, цената на акциите на Прва република банка, која беше во фокусот по колапсот на Силиконска Долина банка и Сигначур банка, падна за 29 отсто. Слична е состојбата и во Европа, каде што се бележи раст на акциите во банкарскиот сектор.
Подготвено од А.Ѓ.