21.03.2023 Скопје
Процесот на европеизација на Балканот е неповратен, сите земји од регионот, вклучително и Република Северна Македонија се цврсто на патот кон ЕУ, изјави потпретседателот на Европската Комисија, Маргаритис Схинас на маргините на Конференцијата во Солун, посветена на улогата на новинските агенции во објективното информирање и борбата против дезинформациите во новата реалност на Балканот, организирана од АБНА-ЈИЕ.
Република Северна Македонија сега треба да премине на следното поглавје, а тоа е отворање на преговорите по поглавја и затворање на претходните поглавја, откако ќе ги спроведе уставните измени на кои што се обврза останува само позитивен момент за Република Северна Македонија, истакна Схинас.
„Ова е неповратен процес, кој нема алтернатива. Поддржан е од општеството и е вин-вин процес, кога во овие геополитички турбулентни времиња станува јасно дека на Европа и е потребен регионот, и на регионот му е потребна Европа“, додаде Схинас.
Подготвено од М.Н.