https://www.facebook.com/photo?fbid=689344179861667&set=pcb.689344256528326

27.03.2023 Скопје

На денешен ден, 27 март, пред три години Република Северна Македонија стана членка на најмоќниот воено-политички сојуз, НАТО алијансата.

Премиерот Димитар Ковачевски на свеченоста која што се одржа во касарната „Илинден“, по повод тригодишнината од членството во НАТО, порача дека е горд што овој ден и неговите деца и општо децата во земјава ќе го изучуваат како еден од најсветлите денови во нашата историја, бидејќи овој ден ја гарантира и нивната иднина. Исто така, додаде дека токму овој ден, 27 март, е денот кога Република Северна Македонија „ја запечати својата безбедносна иднина“.

Според Ковачевски,НАТО заштитува, обединува и зацврстувa. Тој истакна дека да се биде дел од НАТО е силна гаранција на „нашата територија и безбедност, од страна на најуспешната воено-политичка Алијанса во историјата на човековата цивилизација“.

Да се биде НАТО, значи и да се дели масата за одлучување со најразвиените земји во светот, да се носат одлуките за светската безбедност заедно со најмоќните. Да се чува македонскиот и светскиот мир како дел од воено супериорна, политички силна и релевантна и економски доминантна организација. Мир и развој за безмалку една милијарда луѓе, кои живеат во заеднички демократски вредности.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вели дека денеска гордо велиме: „Ние сме НАТО, зашто знаевме да бидеме храбри, знаевме како нација да донесеме вистински одлуки, кои од оваа перспектива, биле навистина донесени во вистинско време“. Осврнувајќи се на воената брутална инвазијата која Русија ја врши врз Украина, таа потенцираше дека од првиот момент Северна Македонија беше јасна.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author