https://www.facebook.com/photo?fbid=766324451747370&set=pcb.766325035080645

31.03.2023 Скопје

Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски утрово на средбата во Белград го потврдија долгогодишното партнерство и пријателство меѓу двете држави отсликано преку постојаната взаемна поддршка за клучни прашања и предизвици кои ги засегаат двете земји.

Владината прес-служба соопшти дека на средбата било заклучено дека билатералните односи меѓу двете земји се карактеризираат со динамичен политички дијалог на високо ниво, економска соработка и трговска размена.

На средбата биле споделени и информации за делувањето на двете држави во рамки на Западен Балкан, во контекст на економската, демократска и безбедносната ситуација во регионот и Европа, соопштија од владината прес-служба.

Во владината делегација која што ја предводи Ковачевски се и министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за економија Крешник Бектеши, за транспорт и врски Благој Бочварски како и заменик министерот за информатичко општество и јавна администрација Александар Бајдевски.

Подготвено од М.Н.

About Author