https://www.facebook.com/photo.php?fbid=611519170337605&set=pb.100044385821029.-2207520000..&type=3

15.03.2023 Скопје

Вицепремиерот Артан Груби нагласи дека согласно коалицискиот договор во 2020 година од страна на ДУИ и СДСМ каде се наведува дека премиер треба да биде Албанец во последните 100 дена од владата, Република Северна Македонија ќе има премиер од албанска националност.

Груби потсети дека зад договореното стојат првиот човек на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот премиер Зоран Заев. Тој истакна дека во 2020 година имаат смислено модерна кампања, која одекна во Приштина и Тирина, велејќи дека е дојдено време за првиот албански премиер, и ова е проект на Али Ахмети за да ги урне табуата.

Според Груби, договорот сè уште важи, а додаде и дека такво нешто му ветил и актуелниот премиер Димитар Ковачевски.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author