poplavi vo avstralija

11.03.2023 Скопје

Денеска Службите за итни случаи ги евакуираа жителите на австралискиот Квинсленд на повисоките места поради рекордните поплави по обилните дождови во овој регион на северозападот на земјата.

Полицијата соопшти дека педесет и три лица се евакуирани од населено месето во округот Голф, 2.115 километри северозападно од главниот град Бризбејн, откако почнаа обилните дождови на почетокот на оваа недела.

Во населбата останале околу 100 жители, а полицијата во текот на денот ќе евакуира повеќе луѓе. Во акцијата се користи хеликоптер.

Метеоролозите најавуваат дека водостојот на реките во тоа подрачје утре ќе го достигне својот врв.

Нова вонредна состојба настана по честите поплави на истокот на Австралија поради ефектот на временскиот феномен Ла Ниња. Во јануари се случија „стогодишни“ поплави во соседниот регион на Северната Територија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author