letachki avtomobil

06.03.2023 Скопје

На саемот за воздухопловство Авалон во Австралија, компанијата Пегасус го претстави својот концепт на првиот полициски летечки автомобил.

Австралиска старт-ап компанија основана пред десет години е специјализирана за производство на комерцијално исплатливи летечки автомобили за владата и полицијата, а нивниот нов проект може да вози на патишта, но и да лета како хеликоптер.

Иако Австралијците не ја објавија цената или конкретните информации за возењето, познато е дека Пегасус ќе има електричен досег од 100 километри и дека ќе може да помине до три часа во воздух (досег од 420 километри).

Како функционира летечкиот полициски автомобил во пракса погледнете во видеото.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author