28.03.2023 Скопје
Министерството за образование и наука им понуди на матурантите наместо да се менува датумот на кој ќе се полага првиот екстерен предмет од државната матура, тестот по мајчин јазик да биде со намален број на прашања и наместо досегашните 100 поени, да носи максимум 80 поени.
Сојузот на средношколци по синоќешното Генерално собрание го прифати овој предлог.
МОН го пренесе ставот на министерот Шаќири дека има согласност со голем дел од барањата на Сојузот за олеснување на процесот на полагање имајќи предвид, како што вели, „на кој начин оваа генерација матуранти ја следеше наставата“.
Подготвено од А.Ѓ.