28.03.2023 Скопје
Една од главните лидерки на движењето за протести, докторот по физика Шикма Бреслер изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите колеги се одлучни да продолжат со усвојувањето на „законот за диктатура“ на следната седница на Парламентот.
Бреслер најави дека демонстрантите ќе бидат на улица „се додека донесувањето на законот продолжува и не биде запрено“, оценувајќи дека планот не е целосно отпишан, а најавата на Нетанјаху ја нарече „само обид за ослабување на протестите во намерата да воведе своја диктатура“.
Најавени се таканаречени фокусирани протести низ државата и пред становите на министрите, а во сабота навечер ќе има нов бран големи протести во Тел Авив и низ Израел и така ќе се продолжи во догледна иднина додека не дојде до вистинска промена, најавија противниците на реформата.
Подготвено од М.Н.