naftovod

27.03.2023 Скопје

Околу 200 барели течност истекоа од резервоар во водата на пристаништето Пул во округот Дорсет на југозападот на Велика Британија, поради што властите прогласија состојба на „голем инцидент“.

Од пристаништето Пул соопштија дека протекувањето дошло на нафтоводот, со кој управува компанијата „Перенко“.

Граѓаните беа повикани да избегнуваат пливање во пристаништето и околните места до понатамошно известување. Во тек е проценка на состојбата, додаваат од управата на пристаништето Пул.

Администрацијата соопшти дека активирала план за излевање на нафта и дека гасоводот е затворен. Како што додаде таа, мобилизирани се компании кои се специјализирани за справување со излевања на нафта.

Агенцијата за животна средина претходно соопшти дека добила извештаи за „голема количина нафта“ во пристаништето Пул. Локалната полиција соопшти дека била известена за истекување на нафта.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author