13.03.2023 Скопје
Иако е на сцената од 80-тите години на минатиот век, Роберт Дауни Џуниор стана еден од најплатените актери дури по првиот филм за Iron Man.
Токму улогата на тој суперхерој на Марвел му донесе луда светска популарност, а со тоа и заработка.
Кога ќе се соберат сите хонорари и други приходи што ги добил од играњето на Iron Man, се доаѓа до вртоглава цифра од дури 435 милиони долари.
Некогаш проблематичниот актер, кој долго време се бореше со зависноста од дрога и алкохол и поради сето тоа заврши во затвор 180 дена, доживеа ренесанса со улогата во Iron Man уште во 2008 година.
Иако првото продолжение му донесе само 2,5 милиони долари заработка, во следните години Дауни Џуниор многу профитираше играјќи го Тони Старк. Покрај тоа што го игра омилениот суперхерој на сите, Дауни Џуниор доби и улоги во некои други холивудски блокбастери како Шерлок Холмс.
Сепак, тој целосно се посвети на снимањето на франшизите на Марвел, па доби 50 милиони долари за првиот дел од Avengers и уште еден процент од 1,5 милијарди долари што филмот ги заработи во кино. Ова го направи најплатен актер во 2013 година. Но, тоа беше само почеток. Во следните две години Роберт Дауни Џуниор заработи неверојатни 75 милиони долари со филмовите „Iron Men 3“ и „Avengers: Age of Ultron“.
Иако титулата за најплатен актер во 2016 година му припадна на Двејн Џонсон, RDJ таа година собра уште 33 милиони долари, иако играше споредна улога во филмот „Капетан Америка“.
Во 2017 година заработи 48 милиони долари, но неговата најголема заработка допрва требаше да дојде. Снимајќи ги „Спајдермен“ и „Одмаздници“ во 2018 година, Роберт Дауни Џуниор заработи дури 81 милион долари и сепак зема процент од две милијарди долари што ги заработија филмовите во кината.
За последниот филм од серијата Avengers тој доби повеќе од 20 милиони долари и уште 55 милиони долари од заработката во кината. А сите тие пари ги заработи исклучиво од Iron Man и Marvel, а каде е заработката од другите филмови што ги снимаше тогаш.
Подготвено од А.Ѓ.